На регионалниот пат Кавадарци – Росоман се гради нов кружен тек
Објавено: 6 јуни, 2025, во 12:12 часот
Нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци-Росоман за поголема безбедност во сообраќајот. Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев информираат дека работите се одвиваат интензивно за изградба на овој кружен тек.
-Вкупната вредност е од 11 милиони денари со вклучен ддв, финансиран од Владата на Република Македонија, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека изведувач на работите е компанијата Градба промет.
Дума.мк


