Лишени од слобода насилниците во Штип

Објавено: 2 април, 2020, во 15:20 часот

tepanje fin

Во врска со видеото кое што од утрово се споделува по социјалните мрежи од СВР Штип информираат дека од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на лицата.
„ По преземените мерки лишени се од слобода две лица на возраст од 23 и 26 години.за конкретниот настан и преземените мерки известено е ЈО и надлежниот центар за социјални работи“, информира потрпаролот на СВР Штип , Гордана Панајотова.

Претходно Министерот Наќе Чулев ги објави и иницијалите на инволвираните лица, С.А и П.Р.

Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавен видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице. Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично правниот предмет преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица. Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата.

Наспроти неоспорната вознемирувачка содржана на видеото, постојат шпекулации дека видеото не е ново, од деновиве, туку веројатно постаро, додека за девојката се зборува дека била бремена и родила. Службите водат разговори со сите инволвирани актери, вклучувајќи ја и девојката, на која и’ е понудена помош.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.