Само еден велешанец ноќеска „се шетал“ за време на полицискиот час, сите кавадарчани и неготинци си седеле дома

Објавено: 3 април, 2020, во 14:31 часот

velesnoke fin

3.04.2020
Само еден велешанец ноќеска во време на полицискиот час бил на улица наместо дома. Во Кавадарци и во Неготино за време на полицискиот час полицијата не открила и привела граѓани на улица.

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи во Велес повторно се намалува бројот на граѓани во самоизолација поради инфективното заболување „Ковид 19“.

Во споредба со вчерашниот ден кога беа евидентирани 127 самоизолирани граѓани, денеска, вкупниот број изнесува 95.

Од нив 41 се велешани, 45 се кавадарчани и деветмина се од Неготино./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.