Маж на чертириесетгодишна возраст пронајден мртов во Кавадарци
5.04.2020
Странски државјанин од Албанија кој неколку месеци живеел како подстанар во куќа во Кавадарци, денеска, пронајден е мртов во изнајмениот стан. Мажот живеел во градот и работел во Штип. Тој на работа не дошол од 1 април годинава, соопштиле од фирмата во која работел.
Откако неколку дена газдите кои живееле во истата куќа не го виделе, денеска, пријавиле во полициската станица во Кавадарци дека подстанарот не одговара на нивните повици. Полицијата ја обила влезната врата на делот од куќата во кој живеел подстанарот и го пронашла мртов.
Јавен обвинител и екипа на полисицката станица во Кавадарци направиле увид. По наредба на обинителот телото на починатиот маж ќе биде испратено утре на обдукција во Скопје.
Иако денеска во прв момент било побарано епидемиолози на Центарот за јавно здравје во Кавадарци да земат брис за тест на коронавирус сепак конечно било договорено брисот да се земе утре од епидемиолозите во Скопје./У.Ј