Нови 16 казни за непочитување на полицискиот час изрече Основен суд Велес
9.04.2020
Досега вкупно 20 велешани се огласени за виновни за сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На сите им е изречена парична казна од по 40 дневни глоби по 20 евра или вкупно 800 евра во денарска противвредност затоа што за време на пандемијата, како епидемија од глобални размери, не ја почитувале Одлуката на Владата за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ донесена од Владата на РСМ.
Основен суд Велес во четвртокот на 2 април ги прогласил за виновни и изрекол казни на двајца велешани кои наместо дома за време на полициски час биле на улица. Пет пресуди за исто толку прекршители се изречени во понеделникот на 6 април додека шест пресуди со казни донесени се вчера на 8 април.
Денеска, 9 април, Основен суд Велес огласил за виновен и изрекол една казна на сторител на прекршок во време на полициски час додека за вториот велешанец ,како што пишува во соопштението, по предлог на Основното јавно обвинителство му е изречена алтернативна мерка поточно условна осуда, со која што утврдената казна затвор во траење од 3 месеци, нема да се извршува доколку обвинетиот во време од 1 година не стори ново кривично дело./У.Ј