Општина Велес ја објави листата на корисници на субвенции за клима уреди

Објавено: 16 јули, 2025, во 12:23 часот

Општина Велес ги објави имињата на граѓаните кои добија субвенции за набавка на инвертер клима уреди за 2025 година. Оваа мерка е дел од програмата за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, со цел да се стимулира употребата на еколошки и економични системи за греење и ладење во домаќинствата.

Градоначалникот Марко Колев го потпиша решението по предлог на Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање, согласно изменетиот Правилник и Одлуката за максимален износ на субвенција објавени во „Службен гласник на Општина Велес“.

На листа се најдоа баратели кои ја поднеле целосната потребна документација и ги исполниле сите услови пропишани со јавниот повик. Табелата со имињата на одобрените баратели е достапна овде.

Од Општина Велес информираат дека програмата за субвенционирање ќе продолжи и во иднина, како дел од локалните напори за намалување на аерозагадувањето и поттикнување на одржливи енергетски практики кај граѓаните.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.