Воскресението Христово – Велигден (Пасха) 2020 година во Соборен храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во Велес (ФОТО)

Објавено: 19 април, 2020, во 15:33 часот

Velikden14 2020

19.04.2020

Празен двор и осветлен храм, што и покрај својата старост сеуште е гордо издигнат под ридестиот предел на „Вршник“ во Велес, синоќа, беа првата глетка со која добронамерниците се соочија при влегувањето на капијата под камбаната на Соборниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во Велес. За прв пат, по 1840 година, добронамерници и верници имаше малку, дел од нив дојдоа по службена должност а останатите беа членови на семејствата на свештениците кои во вонредни услови одржаа Воскресенска Богослужба како составен дел од чествувањето на големиот христијански празник Велигден. Додека се броеја меѓу себе ,во темнината на ноќта, четириесет и пет минути пред полноќ,во истовреме чекорејќи по каменестите плочи на убавата калдрма со која е послан дворот преовладуваше чувството дека секој во себе ги сублимира впечатоците на чекорите што ги делеа од влезот. 

И додека во мислите кои се чинеше дека силно одекнуваа простум низ тишината и говореа за поклонување пред големината на саможртвата на богочовекот, сите присутни,стигнуваа полека пред Соборниот храм, каде свештениците ја започнаа и ја одржаа Воскресенската Богослужба. Нејзин составен дел беше и Литијата како и на полноќ соопштувањето на радосната вест за Воскресението на Исус Христос, кршењето на велигденските црвени јајца додека камбаната од дворот на соборниот храм чукаше и им ја пренесуваше веста на верниците во градот.

Во тие мигови, една размисла остана да лебди неодговорена. Дали навистина оваа гледтка за прв пат се случува во Велес? Ако годината на изградбата на Соборниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ е иста со годината кога Велес по втор пат бил зафатен од заразната болест колера, чума, дали и тогаш дворот и црквата биле вака празни, дали тогаш за прв пат а вечерва по втор пат поради коронавирусот?

Сепак сите граѓани и Велес беа будни. Во нивните домови,на полноќ, светеа сијалици. Некој од нив со огномет соопштија дека ја слушнале радосната вест. Така најверојатно почувствуваа дека треба да се огласат и да соопштат дека го чествуваат Велигден, седејќи дома поради епидемијата на “Ковид 19“ што ги спречи да бидат дел од богослужбата, да го исполнат до крај овој и останатите црковни храмови и нивните дворови, во градот. Тоа го потврдува една фотографија од галеријата што ја споделуваме.

Убавка Јаневска

Velikden2 2020

Velikden1 2020

Velikden3 2020

Velikden4 2020

Velikden6 2020

Velikden7

Velikden9 2020

Veligden15 2020

Velikden10 2020

Velikden11 2020

Velikden12 2020

Velikden13 2020

Veligden16 2020

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.