Ќе се доградува и проширува ООУ „Даме Груев“ во Градско – подобри услови за учениците и наставниците

Објавено: 23 јули, 2025, во 10:09 часот

Основното општинско училиште „Даме Груев“ во Градско наскоро ќе добие нов, проширен образовен објект. Согласно договорот потпишан во Владата на Република Македонија, предвидена е доградба и проширување на постојниот капацитет со цел да се создадат подобри услови за настава и воспитно-образовен процес.

Проектот вклучува изградба на шест нови училници, просторија за наставници, санитарни јазли, како и дополнителен простор за техничкиот персонал. Со реализацијата на овој проект, училиштето ќе може да премине на едносменско работење, што ќе придонесе за поефикасен и поквалитетен образовен процес.

Градежните активности се очекува да започнат наскоро, а проектот ќе се реализира со поддршка од Владата и Министерството за образование и наука

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.