Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19

Објавено: 20 април, 2020, во 14:06 часот

sostojba20.04

20.04.2020

Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти. Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19. По градови:

– Скопје – 2
– Куманово – 9
– Штип – 2
– Тетово – 2
– Велес – 1
– Гостивар – 1
– Пехчево – 1

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 лица. 

Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.

Починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.