Излетници им помогнаа на велешките пожарникари при гаснење на пожар кај Бабуна

Објавено: 28 јули, 2025, во 10:50 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Пожар на сува трева кој избувна во близина на игралиштето на Бабуна беше успешно изгаснат благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес и помошта од група излетници кои се затекнаа на местото.

Дојавата за пожарот била примена на 27 јули во 15:27 часот, по што веднаш интервенирале едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители. По пристигнувањето на терен, екипата веднаш пристапила кон гаснење на огнот.

Во гаснењето активно се вклучиле и излетниците кои со својата навремена и несебична поддршка придонеле пожарот да биде целосно локализиран.

Од велешката пожарна упатија јавна благодарност до граѓаните за несебичната поддршка.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.