Театарот од Кавадарци повторно на фестивалска сцена – „Жена ми се вика Борис“ патува во Демир Капија

Објавено: 1 август, 2025, во 12:33 часот

По успешното учество и добиените награди на театарскиот фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина, Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци продолжува со настапи и гостувања на значајни културни настани. Овојпат, хит-претставата „Жена ми се вика Борис“ во режија на Диме Боцев ќе биде дел од фестивалот „Без рамка“ во Демир Капија.

Настапот е закажан за петок, 1 август 2025 година, со почеток во 20:30 часот. Публиката ќе има можност да ужива во комичната, но и интелигентна приказна која низ брилијантна глума и сценски решенија го задржува вниманието од првата до последната сцена.

Демир Капија станува новата дестинација каде љубителите на театарот ќе имаат можност да се сретнат со креативноста и енергијата на актерите од Кавадарци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.