Пронајден починат маж во неговиот дом во Велес
Објавено: 24 септември, 2026, во 12:03 часот
Седумдесет и пет годишниот Т.С бил вчера вечер пронајден починат во неговиот дом. Смртта, без траги на насилство, била констатирана од лекар на Итна помош на Здравствен дом Велес. Полицијата направила увид а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
„На 23.09.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 21:30 часот во домот бил пронајден починат Т.С.(75) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


