СВР Велес: Граѓаните го почитуваат полицискиот час, со Решение во изолација има 116 лице на ниво на сектор

Објавено: 27 април, 2020, во 14:32 часот

8septemvri fin26

27.04.2020

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење ја почитувале сите граѓани.

Во овој период на 32 лица им се издадени Решенија за изолација, и тоа, 25 во Велес, шест во Кавадарци и едно во Неготино, нови лица кои потпишале Изјави за самоизолација се 21, од кои 20 во Велес и едно во Неготино.

Вкупно со Решение во изолација има 116 лице, од кои 82 во Велес, 18 во Кавадарци и 16 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 93, од кои 62 во Велес, 18 во Кавадарци и 13 во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.