(Видео и фото) Велес го чествува празникот на патронот „Свети Великомаченик Пантелејмон“

Објавено: 9 август, 2025, во 11:49 часот

Со вечерна богослужба чиноначалствувана од Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со свештенството на Епархијата, вчера, доцна попладне, во Соборен храм којшто го носи името на светителот започна одбележувањето на празникот на патронот и заштитник на Велес. Верниците како и поканетите гости се поклонија пред Централната икона на „Свети Великомаченик Пантелејмон“ за потоа во дворот на соборниот храм да се одржи и програма во чест на патронот и заштитник на Велес.

Пред присутните се обрати Градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој истакна дека пред четири години во разговор со Владиката Агатангел се договориле да го возобноват заедно чествувањето на значајниот ден за граѓаните и верниците на Велес, соопшти дека очекува во наредната, 2026 година, да му се исполни најголемата желба по ставениот камен темелник на уште еден духовен храм и испрати порака за мир, спокој, соживот и разбирање.

Во име на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пред присутните се обрати и Протоќакон Влатко Сојменов, секретар на Епархија Повардарска кој по упатената благодарност до Господ Бог за удостојувањето во мир, почит и радост, и годинава, да го одбележат споменот на целебникот Господов, Свети Великомаченик Пантелејмон, го потенцираше бдеењето на храмот посветен на светителот во секоја Македонска душа во Велес. Протаѓакон Стојменов упати пораки и честитки кон граѓаните и верниците.

Во културниот дел од програмата со колаж настапи „Валерија Шојлевска квартет“.

Утрово во Соборен храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенството служеа Света празнична и Архиерејска литургија. Светецот за заштитник на град Велес беше прогласен во 2009 година.

Убавка Јаневска

Фото галерија:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.