Тепачка на колеги во велешки угостителски објект и втора, во двор на верски објект откако вработен нападнал жена

Објавено: 11 август, 2025, во 10:53 часот

Првата тепачка којашто вчера била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес, се случила околу 15:30 часот, во дворот на верски објект во Велес каде Д.Б.(79) од Велес, вработен во објектот,  по кратка расправија, физички нападнал жена, поточно Н.Р.(66) од Велес.

„Потоа Д.Б. бил физички нападнат од И.Л.(66) и С.Л.(34), двајцата од Велес. По документирање на настанот против Д.Б., И.Л. и С.Л. ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, во 18:30 часот, во СВР Велес, С.Р.(37) од Велес, пријави дека додека бил на работа во угостителски објект во Велес, бил физички нападнат од неговите колеги Д.Д.(38), Т.А.(45), С.С.(50) и Т.Б.(38), сите од Велес. По документирање и на овој настан, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.