Пожар изгоре лозје и родни дрвја во росоманско Дебриште
Објавено: 23 август, 2025, во 12:52 часот
Во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера попладне, во 15:25 часот пријавено било дека во атар на село Дебриште, росоманско, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил нива со лозов насад и родни дрвjа, сопственост на К.Ѓ.(68) од село Дебриште.
„Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци,“ соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска

