Градоначалник Гец: Инвестиции во патна инфраструктура, туризам, скијање и грижа за животната средина се иднината на Рибнице на Пахорје
Објавено: 30 септември, 2026, во 14:54 часот
Рибница на Пахорје е рурална општина во областа Корушка, во Република Словенија. Општината се простира на 60 км2 и во неа живеат околу 1.200 жители во шест населени места: Рибница на Пахорје, Јосипдол, Худи Кот, Згорња Орлица, Згорњи Јанжевски Врх и Згорњи Лехен. Општината е основана во 1998 година, а официјалните податоци за неа велат дека е мала локална самоуправа со специфичен руралниот карактер и со планинска географија.


Кога на интернет ќе ја пребарате оваа општина ќе можете да дознаете дека во Рибнице на Пахорје има одличнa патна мрежа поточно поврзување на рурални населени места, достапност на јавни услуги, локален развој во мали рурални заедници, учество на граѓани во локалното одлучување и дека е општината која игра главна улога во решавање на потребите на нејзините жители во мали населени места.

А штом стигнете во Рибнице на Пахорје тогаш пред вас гледате убава, мала, чиста и уредена локална заедница во планиски предел, богат со шумски комплекси, скијачки патеки и уредени туристички комплекси за сместување и престој во здрава животна средина.


Поминувајќи низ населените места погледот ќе ви го пречекаат широки ледини и пасишта, на кои пасе добиток ( крави, кози и овци), куќи на чии што прозори има многу цветни аражмани а во дворовите покрај искосените тревници, засадени дрвја со овошки и жубор на потоци. Нема да ви избегаат од погледот ниту пластениците во кој се засадени разни видови на зеленчук.

Независно дали се движите попатно, по регионалниот пат, покрај останатите пет населени места или сте во Рибнице на Пахорје, сместено на надморска висина од 1500 метри, тоа што ве опкружува е тишина, чист воздух, сонце и зелена панорама во недоглед.

Градоначалникот Сречко Гец, поточно жупан кој што функцијата ја извршува од 2010 година и зад себе има четири мандати на татко на општината, значи цели 16 години, секако е релевантен соговорник на кого би му дале да ја претстави својата локална заедница. А кога Гец ќе го видите од самиот почеток, од првиот до петтиот ден, краен на одбележувањето на јубилејот „80 години од Младински работни акции во Словенија“ тогаш неминовно е да започнете разговор зошто е со поранешните бригадири и акцијаши а сега ветерани и зошто силно ги поддржува?
Следат одговори на ова и на уште неколку прашања што му ги поставивме на Градоначалникот – Жупан, Гец со цел да ни ја претстави општината, нејзиниот плански развој, грижата за животната средина и особено шумскиот фонд како и идејата како да се задржат младите луѓе во своето родно место:
Градоначалникот Сречко Гец, волонтерски ја обавува функцијата, со минимален паушал бидејќи како пензиониран полициски службеник тој смета дека тоа е негова граѓанска должност. Во општинската администрација има вработено само четворица службеници. И тоа е доволно, смета Гец, гледајќи кон иднината преку инвестирање во рурален развој, јавен превоз, туризам, скијање како и учеството на граѓаните, жените и младите.
Секако тука е и почитта кон државата во која е роден, екс Југославија, респектот кон бригадирите – акцијаши кои оставиле дел од себе во изградбата на тогашната и нивните сега секојдневни активности со желбата да се сочува и помага во развојот на општината Рибнице на Пахорје и на Република Словенија.
Убавка Јаневска

