Автопревозникот не ги донел учениците од Караслари во Велес, не дошле на настава и ученици од Лозово

Објавено: 1 септември, 2025, во 16:04 часот
Фото: Архива на Дума.мк

„Oд село Каласлари на првиот училишен ден на настава во училиштата во Велес не дојдоа 21 ученик во основно и 16 ученици во средно образование бидејќи нема организиран превоз. Никој од надлежните не презема ништо, а децата седат дома кога баш денес на 1.9.2025 година треба да седнат во училишните клупи. Ова е голем срам и проблем кој мора јавно да се објави. Ве молам да реагирате со вест, напишаа родители на учениците од ова велешко село притоа барајќи информации дали нивните деца ќе можат да бидат на настава утре, вторник, 2 септември.

Според информациите на Дума.мк од Општина Велес за проблемот биле информирани утринава од страна на директорите на училишта. Според овие информации автопревозната фирма не го реализирала превозот на учениците. Оттаму додадоа дека станува збор за автопревозник којшто оваа услуга ја вршел и минатата учебна година и бил избран на тендер.Од општината додадоа дека работеле на изнаоѓање на решение според кое ќе им обезбедат превоз на сите ученици во текот на утрешниот ден а информациите до родителите ќе ги пренесат директорите на училиштата.

Како што дознава Дума.мк, исто така, денеска во Велес на училиште не дошле и ученици од Лозово.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.