Во Градско одржана прва информативна сесија за поддршка на женското претприемништво
Објавено: 18 септември, 2025, во 10:25 часот
Во просториите на Општина Градско се одржа првата информативна сесија во рамки на проектот „Економска инклузија и правда за жените во Западен Балкан“ (EWI), кој има за цел да ги зајакне економските права на жените и да создаде поволни услови за развој на женското претприемништво.
На сесијата присутните имаа можност да се информираат подетално за придобивките што ги нуди програмата, вклучително и можноста за финансиска поддршка од 2500 евра за започнување нов бизнис, како и грантови од 5000 евра за унапредување на веќе постоечки бизниси.
Повикот е отворен до 30 септември и е наменет за жени над 18 години кои имаат бизнис-идеја или веќе се активни во областа на производството, услугите или земјоделството.
Дополнителни информации за грантовите и аплицирањето се достапни на официјалниот линк на проектот.
Стефани Манева
