(фото) Велешки ученици дел од еко-акција, исчистен просторот околу автобуската станица
Објавено: 19 септември, 2025, во 12:13 часот
Повеќе од 45 ученици од основните и средните училишта од Велес, денеска беа дел од еко – акција за чистење околу Автобуската станица во градот. Учениците покажаа висока еколошка свест и волонтерски дух и за само неколку часа собраа голема количина на отпад, меѓу кои најмногу пластика, хартија и лименки.

-Количината на отпад што ја собравме за кратко време е доказ дека сите мораме да бидеме повнимателни и поодговорни кон животната средина. Она што изгледа како ситница во секојдневието, заедно создава огромен проблем, за Дума.мк објаснија организаторите на акцијата.
Тие изразија и посебна благодарност до младите учесници и наставниците кои се вклучија во акцијата, нагласувајќи дека токму младата генерација е најголемата надеж за изградба на почиста и поздрава животна средина.

Инаку, еко акцијата е организирана по повод Европската недела на мобилност од страна на Младински центар Велес во соработка со Општина Велес како и Јуроп Хаус.

Целта на сите организирани настани во склоп на Европската недела е да ја поттикне свеста за одржлив транспорт, заштита на животната средина и активно граѓанство.
Стефани Манева
фото:





