Тројца кандидати за Градоначалник како и 230 кандидати на 10 Листи за членови на Совет на Општина Велес
Објавено: 22 септември, 2025, во 12:11 часот
На осмите локални избори во Велес официјално кандидирани се тројца кандидати за Градоначалник на Општина Велес додека за 23 местa во Советот на Општина Велес пријавени се 10 Листи со вкупно 230 кандидати. Државна изборна комисија ги објави податоците за кандидатурите за Градоначалник и на Листи со кандидати за членови на Совет на Општина Велес.
Кандидати за градоначалник на Општина Велес се: Марко Колев на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, Маријана Деловска на Демократи и Маја Хеско на СДСМ и Коалицијата.
Поднесени се Листи со кандидати за членови на Совет на Општина Велес од ВМРО ДПМНЕ со Коалиција Твоја Македонија чиј носител е Даниел Јаневски, СДСМ со Коалиција со носител Јованче Манасков, ЛЕВИЦА со носител Димче Ацков, Движење ЗНАМ за наша Македонија со носител Милка Панова, ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА ТУРЦИ со носител Бејхан Мемедов, ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА со носител Елизабета Костова Бочварова, МАКЕДОНСКА АКЦИЈА МААК со носител Сашко Тодоров, КОАЛИЦИЈА ВЛЕН со носител Берат Бајрамовски, БОШЊАЧКИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ со носител Енвер Карталовиќ и ДУИ Национална Алијанса за интеграција НАИ со носител Љокман Салија.
Првиот круг на Локални избори 2025 ќе се одржи на 19 октомври, годинава.
Убавка Јаневска


