Судир меѓу автомобил и мотоцикл кај Манастирец – тешко повреден мотоциклист
Објавено: 29 септември, 2025, во 11:48 часот
На локалниот пат Кавадарци – Росоман, на делницата кон село Манастирец, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од седумдесет и четири годишниот кавадарчанец Ќ.М. и мотоцикл „хамачи“ управуван од триесет и девет годишниот Б.П од село Ваташа, кавадаречко.
Како што пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општа болница Кавадарци.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Дума.мк


