Зимската служба на ЈП „Комуналец“ Кавадарци подготвена за новата сезона

Објавено: 28 октомври, 2025, во 10:23 часот

Јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци целосно е подготвено за претстојната зимска сезона, информираат од претпријатието. Денес била извршена целосна контрола на возилата и механизацијата на зимската служба од страна на раководните лица од Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“.

При контролата било констатирано дека зимската служба е во целосна подготвена да одговори на сите задачи и предизвици кои може да се појават во наредниот период, како во градот, така и во населените места на територијата на општината.

Од ЈП „Комуналец“ информираат дека се обезбедени доволни количини на сол и ризла за одржување на патиштата и тротоарите во зимски услови. Дополнително, општествено одговорната компанија „ЈАМИ“ на службата и отстапило едно возило за користење во текот на зимската сезона, без никаква финансиска надомест.

Со ова, ЈП „Комуналец“ Кавадарци уште еднаш потврдува дека е подготвено навремено и ефикасно да одговори на сите обврски и потреби на граѓаните во текот на зимските месеци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.