Поскапуваат бензините и дизелот

Објавено: 10 ноември, 2025, во 16:22 часот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад денеска донесе одлука со која од ноќеска на полноќ се зголемуваат цените на горивата.

Според одлуката, цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 74,5, односно 76,5 денари по литар. Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар и ќе се продава по 72 денари за литар.

Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета – 69,5 денари за литар, додека мазутот поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 36,427 денари по килограм.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.