Инкулзивни избори е новото очекување од ЕУ

Објавено: 11 јуни, 2020, во 14:39 часот

Varhei fin

11.06.2020

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи очекува да продолжат разговорите меѓу политичките лидери за изборите, рече на попладневниот брифинг во седишетото на Европската унија, портпаролката Ана Писонеро Фернандез. Таа одговараше на прашањето околу најавата на изборите за почетојот на јули, за што еврокомесарот Вархеи синоќа разговараше со лидерите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

-Тој испрати јасна порака за потребата тие избори да бидат слободни, фер и инкулзивни избори, секако земајќи ги во предвид ситуацијата со корона вирусот, исто така и потребата да се адресира економското заздравување. Она што можам да го кажам е дека ги следиме од блиску разговорите меѓу политичките лидери во Скопје. Разговрите треба да продолжат, со цел државата да може да ги организира избореите и целосно да се справи со последиците од корона висусот, рече Писонеро Фенрнадез.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.