Филипче: Свадбите се забранети и тие во периодов не можат да се прават

Објавено: 11 јуни, 2020, во 14:55 часот

Ministerzazdravstvo fin

11.06.2020
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека свадбите во престојниов период се забранети и не може да се прават.

– Не може да се собираат граѓаните и притоа да не се почитуваат мерките, тоа е недозволиво, вели Филипче.

Од свадбата во Скопје, на која имало околу 100 гости, досега се потврдени 14 случаи на Ковид-19.

Филипче рече дека во овој случај инспекторите и епидемиолозите се соочуваат со проблем, односно со одбивање соработка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.