Физички нападнат собирач на смет и масовна тепачка, викендов, во Велес

Објавено: 15 јуни, 2020, во 15:46 часот

derven fin

15.06.2020

Викендов во полицискиот билтен на Секторот за внатрешни работи Велес се евидентирани два физички напади. Рано утринава, во 2 часот, пријавено е од страна на Ш.Ј.(39) од Велес дека два ипол часа претходно додека како собирач на смет извршувајќи работни задачи од страна на ЈКП „Дервен“, бил физички нападнат од Д.Т.(30) на ул.„Максим Горки“ поточно во месноста „Бричкова чешма“.

Ден претходно физичка пресметка била пријавена и за масовна тепачка што се случила околу 19.00 часот на ул.„Маца Овчарова“ во Велес помеѓу М.Ш.(18) и М.Ш.(21), од една страна, и И.К.(18), Ш.А.(38), И.К.(62), Д.С.(37), А.С.(23) и А.З.(59), од друга страна, сите од Велес.

– Полицијата постапила по пријавата и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.