Со музика и дружење одбележан 3 Декември во Дневниот центар Велес, волонтерите на Велешки Црвен крст се придружија на корисниците
Објавено: 3 декември, 2025, во 15:04 часот
Во Дневниот центар Велес, денеска беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со заедничка прослава исполнета со дружење, музика и позитивна енергија. Настанот беше организиран со цел да се поттикне инклузија и почитување на различностите, а истовремено да се зајакне поддршката за лицата со попреченост во локалната заедница.

-Волонтерите на Црвен крст Велес активно учествуваа, давајќи поддршка и помош на корисниците и вработените во центарот. Тие со свои активности создадоа пријатна и мотивирачка атмосфера, каде секој имаше можност да се вклучи во игра, музика и други забавни содржини, соопштија од велешки Црвен крст.

Овој ден не потсетува колку е важно да имаме повеќе разбирање, поддршка и внимание за секој човек во нашата заедница. Да продолжиме заеднички да градиме општество во кое различностите се почитуваат, а секој човек има еднаква можност да биде дел од заедницата.
Стефани Манева


