Полицијата приведе ловџија поради истечена дозвола за оружје
Објавено: 8 декември, 2025, во 13:44 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера утро, во 06:45 часот лишиле од слобода седумдесет и три годишен скопјанец, во село Подлес, општина Градско.
„Лишен од слобода е А.И.(73) од Скопје во извршена контрола на локации каде се врши ловство, во период на ловна сезона, од страна на полициски службеници од СВР Велес, заедно со ловочувари од Ловно друштво „Руен”. На А.И. му била извршена контрола на оружјето и дозволата за истото и било констатирано дека дозволата била со истечена важност, по што му биле одземени ловна пушка „бајкал“, 13 патрони за истата и дозволата за оружјето со измината важност. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


