Новозаболен од Ковид-19 нема денеска во Велес, од болничките пациенти на инфективно една жена е на кислородна поддршка

Објавено: 18 јуни, 2020, во 13:35 часот

Infektivnooddelenie1 fin

18.06.2020

Во последните 24 часа во кои се направени 1348 тестирања и регистрирани 182 нови случаи на Ковид-19 во државата, нема новозаболени велешани. Според статистиката на на Институтот за јавно здравје во регистрираните 33 оздравени пациенти има двајца вечешани.

На Инфективното одделение во велешката Општа болница денеска има 12 пацинети, сите со потврдени тестови на Ковид-19 или еден помалку од вчера што како оздравен е пуштен на домашно лекување.

-Една пациентка на возраст од 60 години во моментов е на кислородна поддршка со покарактеристична здравствана состојба. Останатите 11 пациенти во моментов се со стабилна клиничка слика. Од одделението е испишан еден пациент во изминатите 24 часа, рече портпаролката д-р Весна Николова Неделкова.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612 и меѓу нив се и активните 29 од вкупно досега заболени 156 велешани. Во Кавадарци од вкупно заболени 8 активни случаи се 3 граѓани, во Свети Николе каде заболени се 11 има 9 активни случаи додека во Неготино од 19 заболени активни се 10 лица, сите од Демир Капија./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.