(видео и фото) Личности на 2025-та на Велес: Карталов, Петровски, Бајровиќ и Силјановски најдобри работници, меѓу најуспешните и најхуманите за прв пат и новинар
Објавено: 24 декември, 2025, во 14:29 часотВо пресрет на Нова година, Општина Велес организираше свечена новогодишна академија на која што беа прогласени најдобрите, најуспешните и најхуманите поединци и институции кои со својата работа и посветеност ја обележаа 2025 година во Велес.
Свечената академија ја отвори Елизабета Митревска Ангелеска заменик градоначалничката на Општина Велес, која ја упати и првата честитка за 2026 година, со пораки за здравје, бидејќи тоа е клучно за остварување на сите идни цели.
Во фокусот на свеченоста беа наградени најдобрите работници и хуманистот на Велес за 2025 година. За најуспешен комунален работник беше прогласен Зоран Силјановски, за најуспешен професионален пожарникар Нихад Бајровиќ, за најуспешен униформиран полициски службеник Игорчо Петровски, додека наградата за континуиран придонес во развојот на крводарителството и хуманоста, со 117 дарувања крв, ја доби Звонко Карталов.

Посебно внимание беше посветено и на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Велес кои одбележуваат 20 години служба, поточно Роберт Драскачев, Томислав Неделковски, Маријан Мицев, Александар Димитров, Ѓоре Огњанов, Ивица Поповски, Благој Анастов, Божидар Драскачев и Бошко Петрушевски, како симбол на пожртвуваност и безбедноста на граѓаните.

Во духот на иднината, Општина Велес ги награди и најталентираните ученици и студенти. Стипендии за учебната 2025/2026 година добија средношколците Миа Несторова, Панче Крстев, Марија Бошевска, Ангела Јошевска, Андреј Божиновски, Андреј Бошковски, Матеј Ѓорѓиев, Љупче Неделковски, Тамара Камишова, Кристијан Мартинов, Драган Ставрев, Давид Николов, Дарко Жабев, Ива Андоновска, Димитар Кузманов, Марко Варналиев, Зорица Димовска, Сара Арсеновска, Марија Ивановска, Бојана Мицевска, Рада Наумовска, Стефан Димовски, Ангел Димов, Борјан Бузалковски, Памела Миланова, Изабела Анѓелкова, Бодан Марковски, Андреј Цилаков, Викторија Панзова, Симона Ѓурова, Стефан Поповски и Сергеј Нацев, како и студентите Тамара Коцевска, Стојан Стојанов, Кристина Ивановска и Филип Петров.

Свеченоста беше и во знакот на признание за лојалноста и долгогодишната работа во Општина Велес, при што јубилеи од 10, 20 и 25 години, Со силен аплаус беа поздравени Дејан Таневски, Магдалена Спасева, Пепи Димков, Сања Карабатова Игновска, Никола Митровски, Лиле Ивчева, Ангела Чичевалиева, Родна Трајковска, Мери Перкова, Ѓоре Климкаров, Александар Анастасовски, Славица Переска, Ѓоре Миров, Невенка Петрушевска и Јадранка Митевска.

На крајот, во знак на благодарност за несебичноста и особената хуманост, Општина Велес ги истакна хуманистите и волонтерите. Меѓу нив, за прв пат се најде и име на новинар – Петар Печков заедно со Општинската организација на Црвениот крст – Велес, д-р Лилија Чолакова Дервишова и д-р Гоце Бузалков. Според образложението „Овие личности во најтешките моменти локалната заедница ја ставаат пред се“.


Свечената новогодишна академија беше заокружена во празнична атмосфера со новогодишен концерт на „Тринити стрингс“, оставајќи порака дека Велес ја пречекува 2026 година со благодарност и надеж за нови успеси.
Стефани Манева


