(фото и видео) Со симулација на тешки повреди испратена порака до младите велешани: Не употребувајте пиротехника за празниците

Објавено: 26 декември, 2025, во 09:54 часот

Во дворот на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес се одржа показна симулациска вежба во рамки на кампањата „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, со цел да се подигне јавната свест за опасностите од користење пиротехнички средства, особено кај младите.

Преку реалистична симулација беа прикажани две тешки повреди предизвикани од петарди, ампутација на прсти и сериозна повреда на око, како и предупредување за реалните ризици и долгорочните последици од нивната несовесна употреба. Демонстрацијата беше проследена со објаснување за правилно и навремено укажување прва помош во вакви ситуации.

Вежбата беше реализирана во соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи, СВР Велес, Отсекот за превенција, обучен тим за прва помош при Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, како и Итната медицинска помош.

Организаторите посочија дека целта на настанот е да се испрати јасна порака до младите за значењето на превенцијата, безбедното однесување за време на празниците и важноста од брза реакција и соодветна прва помош во случај на повреди.

Од институциите упатија апел празниците да се прославуваат без употреба на пиротехника и со зголемена одговорност, со што ќе се заштитат сопственото здравје и безбедноста на околината.

Видеото од вежбата може да го погледнете на тука.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.