Истражување: Ултравиолетовотo зрачење уништува повеќе од 99,9 отсто вируси
Објавено: 25 јуни, 2020, во 12:26 часот
Уреди поставени на тавани што испуштаат безбедна форма на ултравиолетово зрачење можат да бидат многу успешни во уништување на коронавирусот во воздухот, покажала студија на Универзитетот Колумбија.
– Многу малку зрачење од далеку со ултравиолетова светлина уништува повеќе од 99,9 проценти од вирусите изложени на неговите ефекти – рече водачот на студијата Дејвид Бреннер.
Научниците испрскале честички на коронавирусот во мали капки во воздухот пред далечен извор на ултравиолетовата светлина, а потоа ги собрале за да ги тестираат и да видат колку сѐ уште се активни.
Според резултатите од студијата објавена во „Scientific reports“, научниците користеле коронавирус што предизвикува обична настинка.
– Во последователните тековни студии откривме дека коронавирусот предизвикан од ковид-19 е уништен на ист начин со ултравиолетова светлина. Идејата е да се постават на тавани ултравиолетови извори на светлина на јавни места каде постојано би уништувале микроби, вклучувајќи го и вирусот ковид-19, со што ќе се ограничи ширењето на вирусот – рече Бреннер.
Тој додаде дека производителите веќе го подготвуваат нивното производство.
– Ова го гледаме како дополнително оружје што можеме да го користиме во борбата против Ковид-19 – рече тој.
