Трет ден Божиќ – Свети Стефан

Објавено: 9 јануари, 2026, во 09:54 часот

На трет ден Божиќ, православните христијани го одбележуваат споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, заштитник на болните, старите, сиромашните.

Тој бил роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Билпрв од седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекле архиѓакон. Со силата на својата вера правел големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препирале со него, но биле секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на дветиот дух којшто дејствуваше преку него. Тогаш посрамени Евреите, свикнати на измами и клевети, го побуниле народот и народните старешини против невиниот. Го наклеветиле Стефан дека богохулел и бил против светиот пророк Мојсеј. Нашле лажни сведоци коишто тоа го потврдиле. Тогаш Стефан застанал пред народот и сите виделе дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина како што некогаш бил Мојсеј кога говорел со Бога. Стефан ги отворил своите усни и ги набројал многубројните доброчинства и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличил за убиството на Господ Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници.

„И додека тие чкртаа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го убија со камења. Меѓу неговите мачители беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа мачеништвото на првиот маченик за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана. Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите. Телото на Св. Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските маченици и се пресели во Царството на Господ Исус Христос.“

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.