Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост

Објавено: 9 јануари, 2026, во 12:28 часот

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на социјалните права поточно посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година.

„Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.  Истите, денеска можат да ги подигнат средствата во  сите отворени филијали и експозитури на банките,“ соопштија од министерството.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.