Кон Македонија се приближува нов бран на врнежи, обилни во западните предели
Објавено: 6 февруари, 2026, во 08:57 часот
„Влијанието на циклонските активности со центар над Џеновскиот залив продолжува во Македонија па така ќе продолжи и многу променливата временска состојба. Денеска, петок, 6 февруари, во западните предели на Македонија ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд каде се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен. На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Во останатите предели од Македонија времето ќе биде промнеливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет.
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Услови за повремен локален дожд ќе има и во Скопје и околината.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат релативно високи и во поголем дел од Македонија тие ќе се искачуваат до околу 10 степени а локално тие ќе надминат и 10 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


