Неготинец почина од Ковид 19
Објавено на 3 јули, 2020 во 15:52
Неготинец на возраст од 56 години, кој бил позитивен на Ковид 19 почина, информираа од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Починатиот поради други здравствени проблеми бил хоспитализиран на клиниката за неврохирургија во Скопје од 24 мај. Кај него бил дијагностициран и корона вирус. Вчера бил пуштен на домашно лекување, бидејќи состојбата му била подобра. Утринава неговата здравствена состојба нагло се влошила и починал“ рече за КТВ епидемиологот д- Ристе Јовановски.
Ова е втор починат од вирусот во Тиквешијата од почетокот на епидемијата. / А.Д