Лилјаци големи колку луѓе, снимени на Филипини
Објавено на 8 јули, 2020 во 09:50
Златоглавиот лилјак е снимен на Филипините, а фотографите станаа хит на социјалните мрежи. Многумина не можеа да поверуваат дека се вистински.
Овој загрозен вид лилјак е најголем во светот, а распонот на крилјата му достигнува и до 1,7 метри.Но, и покрај големината, причини за страв кај луѓето нема. Џиновските лилјаци се вегетеријанци и најмногу сакаат овошје.
Сепак, многумина се преплашија од сликите, па на социјалните мрежи напишаа: „Јас би ја напуштил земјата“ или „Овој лилјак е повисок од мене и импресионирана сум исто колку и преплашена“.
„Овие лилјаци имаа голем распон на крилјата, но нивните тела не се многу големи, отприлика како на куче“, напишал корисник на Твитер од Филипините.