Хит претставата „Тестостерон“ во режија на Јордан Витанов на Светскиот Ден на Театарот и на кавадаречката сцена
Објавено: 25 март, 2026, во 15:04 часот
Работена според текстот на полскиот автор Андреј Сарамоновиќ, претставата „Тестостерон“ е хит претстава и на сцената на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Со неа годинава ќе биде одбележан 27 март, Светскиот ден на театарот.
За претставата постои голем интерес во Кавадарци, сподели импресии, дел од публиката којашто веќе ја гледала „Тестостерон“. Љубителите на театарот којшто сеуште не ја проследиле тоа ќе можат да го сторат во петок, на 27 Март.

Режисерот Јордан Витанов вели дека глрданоста на претставата е пред се поради одличниот текст на полскиот автор Андреј Сарамоновиќ, напишан пред 20 години, и кога бил поставен на сцената на сцена на театар во Варшава предизвикал претставата „Тестостерон“ да биде најгледана претстава во Полска што најверојатно претставувало поттик за Сарамоновиќ да сними и филм. Витанов открива дека во Македонија оваа престава за пр пат е поставена на сцена на битолски Театар во режија на Ненад Витанов и додава:
Со оваа хит претстава кавадаречкиот театар при Дом на култура „Иван Мазев – Климе“ гостувал и има покана за гостување во повеќе македонски градови. Има најави за прикажување на „Тестостерон“ на аматерски театарски фестивали дома но и во соседна Србија.

Кавадаречкиот Дом на култура, исто така, најави дека на почетокот на наредниот месец премиерно ќе биде прикажана детската претстава “Шумарот волшебник“, а започна со подготовка и младинската претстава “Дејгиди луди млади години“. Април ќе донесе и учество на Кавадаречкиот Театар со монодрамата “Кротка“ на Интернационален фестивал.
Убавка Јаневска



