Д-р Малешевска: Зошто треба да се проверува крвта и што откриваат резултатите од лабораториските тестови (видео и фото)

Објавено: 28 март, 2026, во 14:17 часот

Резултатите од лабораториските испитувања се показатели на здравствената состојба на граѓаните. Тие откриваат дали граѓаните се здрави или постојат сомнежи за загрозување на здравјето. Лабораторискиот тест го назначува лекар од општа пракса, специјалист или субспецијалист. Освен за потребите на лекарите кои лабораторискиот тест го назначуваат за отстранување на сомнежи при евентуално поставување на точна дијагноза постојат и граѓани коишто најмалку еднаш во годината ја проверуваат превентивно крвната слика, вели д-р Славица Малишевска специјалист по медицинска биологија во ПЗУ „ВЕ ЛАБ“ – Лабораторија во Велес.

ПЗУ „ВЕ ЛАБ“ Велес, која се наоѓа на ул: „Благој Ѓорев“ бр. 37/3 во Велес, врши бројни испитувања на крвна слика и мокраќа. Лабораторијата, исто така, има мобилна екипа за земање на крв во домашни услови.

Доволно е граѓаните да се јават на моб.тел. број 076/ 407 577 за потребни информации или потреба од лабораториска здравствена услуга.

По извршената лабораториска услуга резултатите се добиваат со физичко присуство во Лабораторијата или на граѓаните им се испраќаат на лична е-меил адреса.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.