Издумани Крлевизми:„Лигловци, подлоста не е веродостојна категорија!“

Објавено: 3 април, 2026, во 10:13 часот

Вашиот афористичар Атанас Крлевски и за овој петок, ден пред викенд, ги става на читање пред читателската заедница на Дума.мк напишаните афоризми во изминатите седум дена. Еве што е крајниот резултат на седумдневната инспирација од секојдневието на обичниот, мал и во исто време голем човек:

„Само што најдов место под сонцето, се наоблачи.“

„На полна маса не се дебатира за сиромаштијата.“

„Ја прашав ВИ дали од ништо може да направи нешто. Ништо не ми одговори.“

„Често зема збор. Други земаат друго!“

„Во Бирото за изгубени работи не примаат само изгубена чест.“

„Не читајте ме меѓу редови! Јас сум секогаш во ред.“

„Лигловци, подлоста не е вредносна категорија!“

„Главата ја употребува само кога клима.“

„Суетата е отклучена самица.“

„Многу сакам муви на туѓа капа. Уживам, кога ги ишкаат.“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.