За закани кон свекрва во Росоман снаат завршила во Полициска станица
Објавено: 7 април, 2026, во 11:41 часот
Во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 13:25 часот било пријавено дека санаа упатила закани кон свекрва во нивниот дом во Росоман. Полицијата постапила по пријавата.
„Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци ишиле од слобода 46-годишна жена од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувала на нејзината 81-годишна свекрва. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска




