Во тепачка на син и татко, подебелиот крај го извлекол помладиот и завршил во болница
Објавено: 9 април, 2026, во 13:35 часот
Се степале 50-годишен татко и неговиот 28-годишен син, во неготинско село, вчера вечер, околу 23:00 часот, во дворот на семејната куќа. Синот употребил остар предмет со којшто се обидел да го нападне таткото додека таткото го нападнал синот со дрвен предмет.
„Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, 28-годишникот со употреба на остар предмет се обидел да го нападне неговиот татко, а тој со дрвен предмет го нападнал синот, кој се здобил со повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци ги лишиле двајцата од слобода. Предметите биле пронајдени и одземени, а тие биле задржани во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Цектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



