Се удави маж од населба Градско
Објавено на 20 јули, 2020 во 11:36
20.07.2020
Педесет годишниот Т.М од населба Градско се удавил во акумулацијата на вештачкото езеро „Подлес“ во близина на селото во Општина Градско.
Вчера, доцна попладне, поточно околу 18.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во акумулацијата на браната „Подлес“ бил пронајден удавен маж.
-Полицијата изврши увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес./У.Ј