Здравствен дом Велес со „мобилни педијатри“ ја одбележува Европската недела на имунизација (видео и фото)
Објавено: 20 април, 2026, во 12:34 часот
„Вакцините делуваат за секоја генерација!“ гласи мотото на годинешното одбележување на Европската недела на имунизација во кое од денеска се вклучуваат и двете Служби за имунизација, на предшколски и школски деца, на ЈЗУ Здравствен дом Велес. Д-р Марина Тодоровска, специјалист педијатар од Службата за предучилишни деца соопшти дека теренските посети со цел да пронајдат фантом деца нерегистрирани во системот за имунизација, непријавени деца кои се доселени во Велес, како и деца кои родителите не ги носат да примат вакцини па затоа секоја година педијатрите во мобилни тимови ги посетуваат во нивните домови.

-Генерално во Македонија, во 2025 година, покажавме добри резултати на опфат, посебно „школската“ служба со сите вакцини над 90 % а кај одредени вакцини и со над 95%, со тоа што за прв пат минатата година се имунизираа со ХПВ вакцината и машките деца. Тоа се одлични одзив и резултати. Додека за предшколска возраст, за жал мораме да кажеме дека одзивот опадна. Иако можеме да кажеме дека на ниво на држава добро се држиме не сме задоволни од резултатите бидејки за основните вакцини како што се магарешка кашлица, морбили или заушки процентите опаднаа за 10 % во споредба со претходните години, рече д-р Тодоровска.
Дума.мк ја праша д-р Тодоровска на што се должи за нијанса послабата вакцинација на претшколски деца, дали родителите покажаа одредени стравувања и за колкав број на деца станува збор? Таа одговори:
Во рамки на Европската недела на имунизација, Службата за имунизација на школски деца, се вклучува со реализација на теренски посети на подрачјето на трите општини Велес, Градско и Чашка.
Убавка Јаневска


