Четири нови случаи на корона вирус во Тиквешијата

Објавено: 21 јули, 2020, во 07:07 часот

29104020 409127802863522 5187769840105947136 n 1Четворица нови позитивни на ковид 19 се регистрирани во Тиквешијата, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

„Во Кавадарци позитивни се момче на 19 годишна возраст кое е на домашно лекување, 52 годишна жена и маж на 53 годишна возраст кој е хоспитализиран на инфективно одделение во велешката болница. Во Неготино позитивна на вирусот е жена на 39 годишна возраст“ информира д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Се работи на утврдување на контактите кои ги имале ново дијагностицираните./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.