Казна од 10.000 франци доколку македонски граѓанин не остане во карантин по влезот во Швајцарија
Објавено: 23 јули, 2020, во 11:26 часот
23.07.2020
Граѓаните на Македонија кои сакаат да влезат во Швајцарија како и до сега, треба да одат во двонеделен карантин, објави швајцарскиот Институт за јавно здравје.
На списокот на Институот се 42 земји, а освен од Македонија, задолжителен е карантинот во Швајцарија и за граѓаните на Босна, Црна Гора, Косово и Србија.

Белорусија и Шведска се тргнати од листата и нивните граѓани можат да влегуваат без карантин со денеска обновената листа.
Од 6 јули, лицата што влегуваат во Швајцарија од земја или област со зголемен ризик од инфекција од Ковид – 19, имаат законски овластување да одат во карантин. Правилата предвидуваат по влез во државата, во рок од два дена граѓаните од овој список на земји да се пријават и да останат 14 дена во карантин на наведнеата адреса. Секој што ќе избегне карантин или не ја исполни должноста да се пријави пред надлежните органи, сторил прекршок според законот за епидемија, што е казниво со парична казна до 10.000 CHF.


