Д-р Mалешевска: Рано откривање на кардиоваскуларни заболувања овозможуваат и лабораториски анализи (видео и фото)
Објавено: 9 мај, 2026, во 15:02 часот
На крајот на неделата за превенција на кардиоваскуларни заболувања, д-р Славица Малешевска – специјалист по медицинска биохемија на ПЗУ „ВЕ ЛАБ“ – Лабораторија укажува на сериозноста од нивната појава преку податоците на Светска здравствена организација и Европското здружение на кардиолози. Податокот за 37 отсто смртност во Европа како последица на овој вид на заболувања воопшто не е бројка која треба да се занемари.

Во Македонија пак овој процент изнесува 43, вели лекарката и ги потенцира исхемичните болести, цереброваскуларните заболувања и високиот крвен притисок за коишто смета дека може да се спречат. Таа додава дека лабораториски испитувања се исто така значајни за утврдување на ризикот пред да се појават првите симптоми на заболувањата.
Дума.мк ја прашаше д-р Малешевска кои се потребните лабораториски испитувања за рана детекција или превентива?
Постои и втора група на лабораториски испитувања на овие заболувања. Д-р Малешевска детално ги појаснува:

Велешката ПЗУ „ВЕ ЛАБ“ – Лабораторија која е на локација ул: Благој Ѓорев бр. 37/3 спроти зграда на велешки Театар со моб.тел, број 076/ 407 577 ги става на располагање на граѓаните своите услуги.

