Пожар на тераса којшто се проширил и во стан, во зграда, на централна градска улица во Велес

Објавено: 13 мај, 2026, во 11:47 часот

Пламенот прво се појавил на тераса а потоа се проширил во стан во зграда на улица „Благој Ѓорев“. Ова се првичните информации со кои располагаат службените лица на Центар за управување со кризи во Велес (ЦУК).

-Пожарот е пријавен во 10:56 часот во Територијалната против пожарна единица Велес. Веднаш се упатени на лице место четворица пожарникари со едно против пожарно возило. Интервенцијата сеуште трае, соопштија од велешки ЦУК.  

Зградата во која се гасне пожарот е популарно наречена „полицајска“ и се наоѓа спроти дворот на Офицерски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.