Полицијата привела пијан росоманец за нарушување на јавен ред и мир, физички напад и закани кон градоначалник

Објавено: 31 мај, 2026, во 12:56 часот

Приведен бил И.А (35) од Росоман, ноќеска, 40 минути по полнок, од страна полициски службеници на Одделение за внатрешни раоти (ОВР) Кавадарци затоа што на улица „Пролетерска“ во Росоман. „Во видно алкохолизирана состојба И.А го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници при вршење службени дејствија. Дополнително, било пријавено дека во угостителски објект во Росоман физички го нападнал Л.Л.(18) од село Паликура, при што употребил стаклен предмет. По извршените проверки било утврдено дека И.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта.

Ден претходно со И.А. бил извршен службен разговор по пријава дека во периодот од април, годинава до денот на пријавувањето, преку социјална мрежа објавувал содржини насочени кон Ѓ.К.(37), градоначалник на Општина Росоман, со што кај пријавителот предизвикал чувство на страв и загрозеност,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Оттаму додаваат дека за двата настана бил известен јавен обвинител и по целосно документирање против И.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.